Кокаинот најден во Белата куќа го оставил близок на семејството Бајден, според медиумите

Кесичката со кокаин пронајдена во Белата куќа во јули му припаѓала на лице блиско до семејството на американскиот претседател Џо Бајден, кој и самиот знае чиј е наркотикот, пишува весникот The New York Post.

„Се верува дека кесичката со кокаин пронајдена во Западното крило (на Белата куќа) минатиот месец, му припаѓала на некој од ‘опкружувањето на семејството Бајден’, а претседателот веројатно знае за кого станува збор“, се наведува во написот.

Според изворите на весникот запознаени со случајот, и покрај изјавите за медиуми на американската Тајна служба, којашто е одговорна за безбедноста на највисоките американски политичари и нивните семејства, дека е невозможно да се идентификува лицето кое го оставило кокаинот во Белата куќа на почетокот од јули, всушност надлежните успеале да соберат доволно докази за да го утврдат неговиот идентитет.

Како што беше претходно објавено, припадниците на Тајната служба на 2-ри јули пронашла кесичка со бел прав во Белата куќа, за кој по лабораториската обработка било утврдено дека е кокаин. Набрзо потоа била извршена евакуација, а претседателот Бајден во тој момент не бил во Белата куќа.

Тогаш весникот The New York Post објави дека непосредно пред наоѓањето на кокаинот во Белата куќа престојувал синот на претседателот Хантер Бајден, за кој веќе имаше информации за вмешаност во скандали со дроги, проституција и корупција.

Меѓутоа, сега втор соговорник на весникот вели дека „Тој знае кој е. Тоа бил некој од опкружувањето на семејството Бајден, а тоа не е Хантер“, мислејќи на синот на претседателот кој е регистриран зависник од наркотици и алкохил кој наводно е на програма за рехабилитиација.

Полицијата на американската престолнина на 13-ти јули објави дека Тајната служба ја завршила истрага во врска со инцидентот со кокаин во Белата куќа, но оти не успеале да откријат како дрогата се нашла во претседателската резиденција.