Кокосовото масло е вистинска магија за вашето тело

За слабеење

Маслото од кокос може да ја зголеми енергијата, но и да ги намали калориите, кои се приврзани со другите масти во телото.

За намалување на чувството на глад

Ќе ви го намали апетитот и ќе имате чувство на ситост. Консумирајте кокосово масло 20 минути пред да јадете, за побрзо да се чувствувате најадени.

Го подобрува варењето на храната

Ова масло содржи заситени масти кои се апсорбираат побрзо и полесно во дигестивниот тракт. Ако додадете мало количество на кокосово масло во исхраната со тоа веднаш ќе ви се подобри варењето на храната.

Нега на забите

Верувале или не, кокосовото масло се бори против бактериите одговорни за расипување на забите. Употребувајте го како паста, бидејќи нема некои штетни хемикалии.

Како превенција од срцеви болести и висок крвен притисок

Жителите на Индија и Филипини консумираат масло од кокос на секојдневно ниво и се покажале дека имаат многу помали стапки на срцеви болести. Една неодамнешна студија докажала дека кокосовото масло содржи антиоксиданси кои се позитивно поврзани со намалување на оксидативниот стрес, а со ова и доаѓа на намалување на крвниот притисок.

Ја подобрува енергијата

Како што кажавме погоре, триглицеридите се одличен извор на енергија. Започнете го денот со додавање на маслото во појадокот.

Ја штити косата

Со постојаното масирање на косата со кокосово масло ќе се ослободите од првутот, а исто така ќе имате и појака коса со поголем природен сјај.

Лекува Ацхјамер

Едно истражување покажало дека мозокот создава свој инсулин за да произведува гликоза и моќни мозочни клетки. Бидејќи мозокот на пациент кој пати од Алцхајмер ја губи оваа способност, кетоните од кокосовото масло создаваат алтернативен извор на енергија со цел мозокот да функционира понормално.

Го намалува артритисот

Ако патите од артритис, маслото може да биде решението кое сте го барале. Ова е еден од најдобрите природни лекови за воспаление на мускулите и зглобовите.

За нега на кожа

Бенефициите на кокосовото масло на кожата се бесконечни. Употребувајте го како пилинг, како лек за изгореници, дерматитис и егзема. Користете го како крем за мека и хидратациска кожа, а исто така може да го користите и за отстранувач на шминки.

Намалување на стресот

Кокосовото масло е познато и за намалување на стресот. Ако нежно си го измасирате скалпот со масло од кокос веднаш ќе се почувствувате опуштено и напнатоста за миг ќе ја снема.

По овие бенефиции веднаш отидете до некоја продавница за здрава храна или некоја билна аптека и побарајте кокосово масло, кое ќе направи да се чувствувате многу поздраво.