Кокшаров објасни зошто Самсоненко толку брзо го „спакува“ Писонеро

Веста за тренерската смена во Вардар одекна како бомба во македонската спортска јавност, а детонацијата се слушна дури и до Русија, од каде сега ни пристигна првото интервјут на новиот тренер на европскиот шампион.

Русинот Едуард Кокшаров го презема тимот од Давид Писонеро кој беше доведен како адекватна замена за неговиот шпански претходник, но по само два месеци интензивна игра, газдата Сергеј Самосоненко се одлучи за радикален потег, нудејќи му две опции на тренерот.

Како што открива Кокшаров, Самсоненко бил незадоволен од губењето на стилот на игра на Вардар, поради што решил да го „спакува“ Писонеро од тренерската позиција, со тоа што најверојатно ќе остане како помошник на новиот руски предводник кој инаку ќе биде привремено решение според првичниот план.

– Да, навистина го преземав тимот. Бев ангажиран од газдата за тренерската функција, откако тој реши да ја прекине соработката со досегашниот тренер. Претседателот Сергеј ја донесе одлуката по тешкиот пораз од Кил, но мислам дека ова не беше спонтана и избрзана одлука, истата се развиваше извесно време. Пред се поради тоа што тимот го загуби својот стил. Веруваме дека ‘рбетот на Вардар е зачуван во споредба со минатата сезона, но играта која лани ја гледавме, се загуби. Првиот човек сметаше дека сега е вистинско време за радикален чекор, пред да биде предоцна. Јас се сретнав со Сергеј и тој ми кажа дека дошол до заклучок дека е потребно време за да се најде вистинскиот кандидат за промена. Во меѓувреме, тој ми предложи јас да го водам првиот тим, – открива Кокшаров за руски „Хендбол фаст“.

– Колку што знам, на Писонеро му беа понудени две опции. Да си оди, или да остане како помошник. Ја избра втората, но не знам како ќе функционира сето тоа, – додава Русинот.