Колабирала жена на гробиштата во Бутел, друга во Чаир

Една жена колабирала на гробиштата во Бутел, друга во Чаир. Со топлото време секојдневно се случуваат колапси, јавува Плусинфо.

Околу пладне две жени се онесвестиле и тоа една на Градските гробишта Бутел, а друга во населбата Чаир. Во двата случаи интервенирале екипи на скопската Итна медицинска помош.

– Нормално, организмот се адаптира на топлото време, но не смееме да се опуштиме. Мора да бидеме претпазливи, особено во најжешкиот дел од денот и да ги следиме упатствата од несаканите последици од сонцето и од горештината. Значи носење лесна облека, пиење доволно течности, престојување под сенка во најтоплиот дел од денот, ако веќе мора да се излезе надвор, вели д-р Марина Сотировска, шеф на смена во скопската Служба за итна медицинска помош, пренесе порталот.

Секојдневно има околу десет колапси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.