Колабиран коњ на улица во Скопје (ФОТО)

129

Изнемоштен коњ кој влечел запрежна кола колабираше на улица во близина на телевизијата „Канал 5“ во Скопје.

Фотографијата е снимена попладнево, а на неа може да се забележи како маж, веројатно сопственикот, стои покрај него.

Ваква вознемирувачка глетка воопшто не е реткост на скопските улици, а граѓаните  честопати се сведоци на изнемоштени коњи кои бесмилосно се искористуваат и физички се малтретираат од нивните сопственици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.