Коaлицијата АА/А: Дали народниот правобранител беше цената на измамата?

Денеска кога во Собранието на Македонија беше објавен предлогот за новиот народен правобранител – Насер Зибери, беше откриено сценариото за измама на изборите од 15 јули 2020 година, регираат од коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива

Политичка групација која го претставува во парламентот опозициското расположение во албанската заедница во земјата, потсетува притоа дека Зибери беше политички кандидат на претходните парламентарни избори од владејачката ДУИ, и оценува дека неговото номинирање за народен правобранител всушност претставува исплата за ангажманот во изборната измама.

На предвремените избори Зибери имено беше претставуван како кандидат за прв премиер Албанец на македонска влада, а од ДУИ тврдеа дека нема да отстапат од тоа во преговорите за правање на сегашната коалиција на власт. Но, како и што претходно се претпоставуваше, повеќе од јасно е дека партијата на Али Ахмети веднаш по изборите се повлече од својата главна изборна понуда.

„Како и да е, главниот јунак на последните избори, Насер Зибери, има две одговорности: првата е политичка – тој не може да биде народен правобранител, бидејќи на последните избори беше кандидат за политичка функција, додека втората е морална – тој треба да им одговори на сите албански граѓани во нашата земја дали оваа функција беше цената за извршената изборна измама?“, истакнуваат од коалицијата АА/А.

Посочуваат дека доколку Зибери навистина сакал да биде народен правобранител, можел да ја исполни оваа желба на друг начин „но да прифати да биде учесник, дури и главен протагонист, на големата измама  ‘Време за албански премиер’, ова секогаш ќе остане црна дамка во неговиот живот“.

По објавувањето на номинацијата на Зибери, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива заклучува дека „тој што бил измамник“ на последните избори никогаш нема да може да биде народен правобранител.

„Тој може да биде адвокат на лидерот на партијата што го номинираше, но никогаш правобранител на народот – затоа што народот не прифаќа и не толерира измамници“, додаваат од опозициската коалицја..