Колапс на ОН, Турција нема да дозволи кражба на Ерусалим

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ОН „колабрирале“ пред настаните во Газа, пренесе Ројтерс.

Израелските сили во понеделникот во Газа убија 60 палестински демонстранти, во моментот кога САД ја преселија својата амбасадата во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

Истовремено Ердоган порача дека „Турција нема да дозволи Израел да го украде Ерусалим од Палестинците“, пренесе Ројтерс.

Турскиот претседател рече и дека Анкара ги притиска земјите-членки на Советот за безбедност на ОН да бидат поактивни.

Како што истакна Ердоган, шефот на неговиот персонал и турското Министерство за надворешни работи работат на евакуација на повредените од Газа.