Колариќ: За своите грешки, Шилегов удри по инспекторите

И конечно пред крајот на градоначалничкиот мандат кога правникот Петре Шилегов разбра дека од оној „Ајро” и убав град без отпад 😂(а секој ден пред очи гледаме шут и се гушиме во смрад) најверојатно ништо нема да произлезе а и веројатно подразмислил дека со 33 (триесет и три) краткорочни и долгорочни мерки не може уште долго да пафта во јавност, решил да удри по инспекторите за животна средина, комуналните инспектори и комуналните редари.

Решил Петре да се слика со 10 неспособни градоначалници и да прави едно тело со документ за „меѓуопштинска соработка”, во кое тој ќе бил главен координатор на овие инспекциски служби.

Заборавил да прочита дека со Законот за инспекциски надзор, координаторот-претседателот на инспекциски совет е тој кој дава налог да се спроведе интегриран инспекциски надзор и тоа врз сите субјекти кои ја загадуваат животната средина на барање меѓу другите и на градоначалник на општина, на град, Влада, член на Совет со едно обично барање.

Заборавил да прочита во Законот за животна средина каде јасно стои дека државниот инспектор за животна средина врши контрола и на овластениот инспектор за животна средина во општината и врши надзор колку тој ги спроведува прописите од матријалниот закон.

Заборавил да прочита дека во опис на работните задачи на овластените инспектори (оние што сака Петре да ги координира), јасно стои дека имаат ингеренции само во општината во која се вработени.

Заборавил да прочита во последниот извештај од ЕК за поглавје 27, каде јасно се посочува дека недостасуваат едуцирани кадри во овие инспекциски органи (животна средина), закони има но не се истите имплементирани.

Законот за комунални дејности јасно прецизира што работат комуналните редари и кој ја носи програмата за нивно работење.

Сѐ на сѐ, закони илјадници, луѓе-инспектори малку на број, надлежности поделени на централно и локално ниво.Но дали со носење на документ за соработка без законски основен член на кој се повикува ќе има ефект???

Секако “Не”!

Шилегов само врши амнестија на предлог лагите со кои ја убедија јавноста дека Скопјани ќе дишат кислород и нема да се дават во смет од онаа програма “живот за сите”.

Доколку овој документ ви е предуслов за нов закон, тогаш требаше да го донесете во декември 2017, а сега да зборувавме за закон донесен во собрание по кој се постапува и ќе ги мериме индикаторите на бенефитот на граѓаните кои ќе ги имаа од тој закон.

Она што ги напаѓате државните инспектори за да ја покриете вашата неспособност и на оние 10 градоначалници ви е непотребен излет во лет.
За секој проблем има решение!

Но зад секое решение е потребно добро менаџирање и процена.
Менаџирање врз основа на закони каде јасно се пропишани надлежности.
Многу невладини организации нудат предлози, многу експерти нудат предлози.
Добро е да ги разгледате и заедничко решение да се пронајде.
Незаконски документи донесени заради парада и партиски спот повеќе не се модерни.
Не се ин.

Жалам градоначалник што многу можевте но за жал ништо освен “навреди кон сите” не направивте.

Фејсбук статус на Светлана Колариќ