Колариќ: Со потегот на неспособната влада, наместо поевтина струја таа ќе биде 20 отсто поскапа

135

Од ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат дека Владата на Социјалдемократскиот сојуз во наредната година, наместо да ја намали, ќе ја зголеми цената на струјата.

Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ смета дека со либерализација на пазарот на електрична енергија која ја најавува Владата, сметките на граѓаните за електрична енергија нема да се намалат туку напротив ќе се зголемат, за најмалку 20 отсто.

„Ова е уште еден од низа удари на Социјалдемократскиот сојуз, кој најмногу на своја кожа ќе го почувствуваат граѓаните. Од ова сепак најголем корист ќе имаат лоби групите блиски на СДС кои поседуваат енергетски компании кои се занимаваат со трговија на електрична енергија“, рече Колариќ.

„Од септември сметките за електрична енергија нема воопшто да се намалат. Со тоа што граѓанинот ако потроши помалку електрична енергија ќе плати помала сметка, доколку граѓанинот потроши повеќе електрична енергија тогаш сметката ќе биде повисока. Најавеното намалување на електрична енергија од страна на Социјалдемократскиот сојуз реално го нема. Овој популистички потег на Зоран Заев, единствено служи за да ги манипулира граѓаните за да може да добие некој глас повеќе на претстојните локални избори“, изјави Колариќ.

Рече дека потврда за оваа лага на Заев се и реакциите кои секојдневно пристигнаат од ЕВН, кои потврдија дека не се подготвени да стартуваат со реализација на мерката која на крај повторно ќе ја платат цената граѓаните.

„Според мерката на Заев, ЕВН ќе подлежи на трошок за прилагодување на над 800.000 броила на регулираниот пазар на електрична енергија, кој трошок подоцна ќе биде прикажан пред Регулаторната комисија како трошок, а при следното одредување на цената на струјата истата ќе биде зголемена поради овој факт, а граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за струја“, рече Колариќ

Порача дека граѓаните го прочитаа Заев, и свесни се дека со неговата влада наместо со подебел паричник ќе останат со празни џебови.

„Социјалдемократскиот сојуз да се грижеше за народот немаше да исцеди 334 милиони евра од буџетот за неполни три месеци и истите да ги потроши на ветер и магла. За ваквиот однос, поради ваквото несовесно и неодговорно работење, Социјалдемократскиот сојуз ќе биде казнет на 15-ти октомври од граѓаните на Република Македонија“, изјави Колариќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.