Колегите и сопартијците му изразуваат сочувство на пратеникот Трпевски за неговиот син

112

Сопартијците и колегите на пратеникот на СДСМ, Благојче Трпевски од Гостивар, на социјалните мрежи му изразуваат сочувство за неговата голема загуба, синот Јовица Трпевски, кој загина вчера во тешката автобуска несреќа на автопатот кон Тетово.

Со фотографија на која се Благојче и неговиот син , 25 годишниот Јовица, со црна панделка, се простуваат од прерано загинатото момче и му пишуваат зборови на утеха и сочувство на неговиот татко.
,,Голема загуба“, ,,Нема зборови на утеха“, ,,Биди силен“, се само некои од пораките.

Ивица Трпевски е еден од 15 загинати во тешката сообраќајна несреќа. Сите загинати и повредени се од Гостивар.

Во Гостивар е прогласена тридневна, а во цела Македонија дводневна жалост.

Шест од повредените се во тешка и животно загрозувачка здравствена состојба.

Skin Delight