10.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Колегите на Јанева шокирани од снимката за рекетот на Боки 13

Обвинителката го видела неколкупати денеска објавеното видео за тоа како Бојан Јовановски и Зоран Милески ги земаат парите од Орце Камчев, кој беше обвинет во предметот „Империја“.

Долго време соработувавме, но морам да признаам дека барем пред мене никогаш не манифестирала никакви знаци за евентуална ваква постапка, нагласува таа.

Но, обвинителката потенцира две работи. Првата, дека видеото најверојатно нема да биде единствено за овој настан, зашто забележува дека е кратено, и второ дека има несовпаѓање со датумите од видеото и одлуките на судските инстанци.

На прашањето како јавноста и граѓаните да имаат или да ја вратат довербата во останатите членови од тимот на Јанева, обвинителката е децидна:

Само детална и целосна истрага може да ги врати работите на свое место.