Колекцијата на Хајди Клум годинава во продавниците на „Lidl“ во Европа и САД

Колекцијата на моделот Хајди Клум оваа година ќе се продава во продавниците на „Lidl“ во Европа и во Соединетите држави објави овој германски дисконтен синџир продавници.

Ексклузивната колекција „е со врвен квалитет, а со цените сепак достапна… па секој ќе може да си ја дозволи“.

Фотомоделот, 44-годишната Хајди Клум, исто така, е и американска телевизизска ѕвезда како членка на жирито во шоуто „America’s Got Talent“ и извшен продуцент на модниот конкурс „Project Runway“.

Подоцна во јуни „Lidl“ ја отвора својата прва продавница во САД, а за една година планира да отвора 100 продавници на американскиот Источен брег.