Колекционер кој има сѐ, ќе добие маска против коронавирусот за 1,5 милиони долари

Уметноста а не расфрлање со богатството била причина да се изработи најскапата маска против коронавирусот на светот, изјавија израелските јувелири кои за неименуван клиент од САД ја изработуваат заштитната маска којашто ќе чини 1,5 милиони американски долари.

Изработена од 18-каратно злато и опточена со 3.600 црни и бели дијаманти, маската ќе го има филтерот N99 за да пружа висок степен на заштита, изјави Исак Леви, сопственик на златарницата Yvel.

„Мислам дека купувачот нема да ја користи за пазарење во супермеркет, но повремено секако ќе ја носи, убеден сум во тоа“, вели Леви.

Додава дека станува збор за кинески колекционер кој живее во САД. Тој планира лично да му ја однесе кога во октомври ќе биде довршена.

Маската, на којашто работат околу 25 златари, би можела да се смета за вулгарно расфрлање со богатството во време на криза, но за Леви таа, пред сѐ, е уметничко дело.

„За многумина во светот тоа би можело да биде најскапата маска во светот, и тоа можеби навистина е голема работа. За нас тоа е начин да ги заштитиме работните места на луѓето во дуќанот за да ги издржуваат своите семејства“, додава Леви.