Колев бара македонските Бугари да се вклучат во преговорите

Претседателот на Граѓанско демократската унија (ГДУ), Петар Колев, преку статус на неговиот профил на Фејсбук повика Бугарите во Македонија да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија.

„Гарантирање во Уставот на рамноправност на македонските Бугари, но и нејзино спроведување во реалноста е клучот кон решавање на отворените прашања. Убеден сум дека таков чекор ќе ја врати довербата, ќе даде нов импулс на односите. Тоа ќе ја отвори и можноста за вклучување на Бугарите во македонскиот државен систем, нивно претставништво во институциите на системот, зошто да не и нивно вклучување во преговарачкиот процес од македонска страна. Кој подобро би можел од македонските Бугари да ја убеди Софија дека нашата држава заслужува почеток на преговори?, пишува Колев.