9.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Колев: Долгогодишните инфраструктурни проблеми на граѓаните ги решаваме посветено и одговорно

Градежната механизација активна на терен! Заедно со претседателот на Советот на Општина Велес, Зоран Љутков, и советникот Игор Стојанов извршивме увид во градежните зафати за реконструкција на улица “Браќа Капчеви” која се очекува да биде завршена за околу 15 дена.

Долгогодишните инфраструктурни проблеми на граѓаните ги решаваме посветено и одговорно. Поубав Велес станува реалност!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на Велес, Марко Колев.