Колев: Изработка на ГУП, подземна гаража и Градски плоштад, нова индустриска зона- ова е победничката програма за Велес

Кандидатот за градоначалник на општина Велес од ВМРО-ДПМНЕ Марко Колев, ја промовираше, како што вели, победничката програма за Велес на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Гарантираме и се обврзуваме за реализација на:
➡ Изработка на Генерален урбанистички план
➡ Кеј на реката Вардар и регулација на речното корито
➡ Реконструкција на мост кај Башино Село
➡ Реконструкција на зградата на Противпожарниот дом
➡ Решавање не проблемот со кучињата скитници
➡ Развоен истражувачки бизнис центар и Старт-ап програми за млади
➡ Подземна гаража со капацитет за 100 возила и Градски плоштад
➡ Нова индустриска зона Мамутчево 2
➡ Пренамена на хотел Вила Зора во дом за стари лица и станбени единици за деца без родители
➡ Изградба на пречистителна станица за отпадни води
➡ Велосипедски парк околу Велес
➡ Реконструкција и целосно осветлување на пешачката патека на езеро Младост
➡ Реконструкција и енергетска ефикасност на сите основни и средни училишта во градот
➡ Три спортско рекреативни комплески: населба Дворови, двор на ООУ Васил Главинов и населба Речани
➡ Регионален центар за управување со отпад
➡ Реконструкција на Градски парк со поставување на тартан патека во должина од 800 метри
➡ Катна гаража кај Автобуската станица
➡ Нова детска градинка во Велес
➡ Проширување на регионалниот пат во населба Речани и проширување на патот до езерото Младост.