Колев: Не гледам зошто по секоја цена треба да се оди на избори во Штип

Петар Колев од Граѓанско Демократска Унија (ГДУ) во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ рече дека нивната партија нема да учествува на локалните избори во Штип кои се закажани за 13 декември.

-Немаме кандидат бидејќи изборите во Штип се класичен наместен натпревар во кој што четирите првите партии СДСМ, ВМРО-ДПМЕ, Левица и ГДУ. Реално ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ГДУ нема да учествуваме, така да мислам дека е јасно кој ќе победи на престојните избори. Но, прашањето е дали сега точно во овој момент треба да одиме на избори, во овие услови на економска криза, на корона криза и кога опозицијата реално не сака да учествува тоа е автоматска служебна победа за тие кој што и сега се на власт во Штип. Не гледам зошто на секоја цена треба да одиме на избори, рече Колев во своето гостување.