Колев: Реконструкција и изградба на нови спортски сали за учениците во Велес

Спортските активности се предуслов за здрав и правилен развој на децата и едно од моите предизборни ветувања беше токму тоа – реконструкција на постоечки и изградба на нови спортски сали и создавање на услови за квалитетен спортски живот, истакнува градоначалникот на Велес, Марко Колев.

-Денес направив увид во градежните активности за реконструкција на спортската сала во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ каде интензивно се работи, но не застануваме тука. Во идниот период ќе се отпочне со изградба на спортска сала во ООУ „Рајко Жинзифов“ – с.Оризари, а исто така во тек е изработка на планска документација за нова спортска сала во с.Бузалково, во склоп на ООУ „Лирија“. Уште една сала предвидена за изградба е во ООУ „Васил Главинов“, за каде службите ја продолжија постапката за изработка на детален урбанистички план, неопходен за понатамошни активности, истакна тој.

Колев порача: „Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност“!