Колев со навреди за Блаже Конески – Го осакати сопствениот народ!

Петар Колев, претседателот на Граѓанско-демократската унија, еден од луѓето кои ги артикулираат интересите на Бугарите во Македонија, на Денот на македонската азбука жестоко го навреди Блаже Конески и повторно го нарече „џуџето од Небрегово“.

„На 5 мај во 1945 година, со решението од тогашната Народна влада на Федерална Македонија, е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а набргу, еден месец подоцна и правописот на македонскиот јазик. Овој процес е свечено заокружен со делата на Блаже Конески – Граматиката, Речникот и Историјата на македонскиот јазик.

Благодарение на сето тоа денеска пишуваме к’рв со апостроф, в’ рв со апостроф и т’га за југ со апостроф, а истовремено со тоа не можеме да прочитаме ниту едно писмо на револуционерите во оригинал или пак автор на поезија и проза кој пишувал пред 1945 година. Со други зборови, сме полуписмени субјекти кои не можат да си ги читаат своите дедовци во оригинал.

Затоа Блаже Коневски е и ќе остане џуџето од Небрегово, кое го осакати собствениот народ и го направи полуписмен“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.