Колинда Грабар-Китаровиќ една од кандидатките за столчето на Столтемберг во НАТО

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ е една од трите жени кои се можни кандидатки за највисоката функција во НАТО, откако почнаа да се вртат информации за тоа дека по 72 години постоење на Алијанстата на нејзино чело треба да застане жена.

Покрај Грабар-Китаровиќ се говори дека и литванската претседателка Далија Грибаускаите, како и сегашната естонска претседателка Керсти Калулаид можат да застанат на чело на НАТО.

Се претпоставува дека Грабар-Китаровиќ, прва жена претседател на Хрватска од 2015 до 2020 година, има предност бидејќи веќе работеше во седиштето на НАТО како помошник генерален секретар за јавна дипломатија од 2011 до 2014 година

Таа одигра клучна улога во успешната кандидатура на Хрватска за членство во ЕУ и НАТО. Беше амбасадор на земјата во САД од 2008 до 2011 година, што ѝ дозволува да се потпре на силните врски во Вашингтон, а Соединетите држави ќе го кажат последниот збор за изборот на иднит Генерален секретар на Алијансата.