Колинда најави кандидатура за уште еден мандат

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска од Книн индиректно најави кандидатура за уште еден мандат за шефица на државата.

– Денеска сум овде како претседателка на републиката, ќе се гледаме и во следните пет години, рече Грабар-Китаровиќ пред новинарите на одбележувањето на годишнината од „Бура“. Претходно, и премиерот Андреј Пленковиќ, изјави дека Грабар-Китаровиќ за својата кандидатура ќе ја има поддршката на ХДЗ.

Засега најавено е дека на претседателските избори ќе учествува Зоран Милановиќ, со поддршка на матичната Социјалдемократска партија, кој би можел да биде поддржан и од уште неколку помали лево ориентирани партии. Во претседателската трка ќе учествува и Катарина Пеовиќ од Работничкиот фронт, а како независен кандидат ќе се натпреварува и музичарот и претприемач Мирослав Шкоро. Како независен кандидат на изборите ќе учествува и економистот од американскиот универзитет Принстон Дејан Ковач.

Мандатот на актуелната претседателка изминува на почетокот на 2020 година, а првиот круг од претседателските избори ќе се одржат на крајот на декември оваа година.