Колку чини тревникот среде плоштад на Шилегов?

На денешната седница на Советот на Град Скопје, советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски упати три прашања до градоначалничката на Град Скопје каде запраша дали тревникот на плоштадот има буџетски импликации врз буџетот на Град Скопје?

Во врска со тревникот на плоштадот, Нелоски запраша дали тревникот има буџетски импликации врз буџетот на Град Скопје и дали имаме информации за колкава вредност станува збор за тој тревник и дали таа вредност е реална на тој тревник?

Нелоски запраша дали во градската администрација има некои податоци или информации за било каква направена јавна набавка за тревникот на плоштадот? Доколку нема направено јавна набавка, тогаш дали има донесено некаква одлука за законска донација на Советот на Град Скопје.

Нелоски во однос на второто прашање во врска со порталот за Град Скопје кој го набавил претходното раководство запраша дали тој портал постои и доколку постои дали тој е функционален целосно или има недостатоци? Со оваа најверојатно лоша и криминална набавка ме интересира и колку буџетот на Град Скопје е оштетен?

Во упатеното трето прашање Нелоски запраша дали има интерес од граѓаните за оваа отвореност на Градот Скопје и колку барања на граѓаните до сега се решени преку овие платформи?

Нелоски посочи дека градот Скопје стана отворен град и достапен за граѓаните каде отвори и канцеларија за граѓаните и комуникација со граѓаните кои можат да ја направат 24 часа во секое време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.