Колку дневно цигари смеете да испушите ако не сакате да умрете?

Не постои страствен пушач кој не си го поставил ова прашање, додека поданички ја пали првата цигара од втората кутија тој ден.

Цигарите, ако не сте знаеле, се најпродаваниот производ  на панетата, бидејќи секоја година се пазари околу еден билион, односно илјада милијарди парчиња. Во прашање е индустрија тешка повеќе од 400 милијарди долари, што ја прави една од најмоќните на светот.

Ако сте страствен пушач и ништо на овој свет не може да ве натера да се откажете од овој порок, веројатно некогаш сте се запрашале колку цигари е потребно да испушите на дневна база за да умрете.

Математиката во овој случај е едноставна. Се проценува дека долниот лимит на смртоносна доза може да биде помеѓу 30 до 50 милиграми, односно 0,5 до 1.0 милграм по килограм на возрасна личност.  Бидејќи во просек, секоја цигара во себе содржи еден милиграм никотин, едноставно се доаѓа до бројкаод минмум триесет цигари.

Меѓутоа, ова не е ни конечна, ни точна пресметка, во случај да се исплашивте за втората кутија која ја отварате во еден ден. Пушачот апсорбира само една десетина од никотинот во цгарата, значи, 0,1 милиграм, што значи дека треба да испушите барем 300 цигари на ден, односно 15 кутии, за да испуштите душа. Таа бројка веројатно е уште поголема бидејќи во текот на овој процес од себе и ќе го исфрлате тоа што сте го внеле.

Покрај тоа, едно истражување од минатата година покажува дека минмалната доза е и поголема од оваа, а некои научници тврдат дека  е потребно да се проготаат од 500 до 1.000 милиграми или да се испуши од 6,5 до 13 милиграми по килограм, што е драматично повеќе од тоа што се мисли.

Поради ова, Американската агенција за храна и лекови смета дека малку е веројатно дека некој ќе се отруе со никотин од пушење.

Ова, секако не значи дека со тоа треба да играте. На страна, тоа што цигарите сериозно му наштетуваат на вашето здравје, може да предзвикаат рак на белите дробови, импотенција, стерилност…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.