Kолку илјади евра легнале на сметката на судијката Дика од шопингот на Боки 13?!

150 000 евра за шопинг во Италија. Дали е ова мала сума? На вчерашното рочиште за случајот „Рекет“, беа презентирани фискалните сметки за шопингот на Бојан Јовановски-Боки 13 и неговата мајка Јасмина, по што стана јасно дека за само три дена на гардероба биле потрошени 148.036 евра, објавува порталот „Република“, пренесува НетПрес.

Во придружба на Боки 13 и неговата мајка во Милано била и нивната кума, судијката Мери Дика Георгиевска. Во своето сведочење, Дика Георгиевска потврди дека при шопингот бил користен и нејзиниот пасош за поврат на ДДВ, но притоа таа истакна нагласи дека сумата не била којзнае колку висока.

Се поставува прашањето колку од износот се води на пасошот на судијката Мери Дика Георгиевска?

Во Италија ДДВ е во неколку категории. За она за кое Боки 13 најмногу потрошил – текстил, кожна облека, накит, очила за сонце, вина и друг алкохол изнесува 22 отсто. За храна е 10 отсто, за билки 5 отсто, за овошје и зеленчук 5 отсто. Да земеме некоја вредност од 15 отсто ДДВ, со оглед дека сигурно е купувана храна, тоа би значело поврат од некаде околу 22 илјади евра. Една третина од сумата да поминала низ пасошот на судијката, тоа би значело поврат од 7 000 евра.

Вчера се крена прав на социјалните мрежи. Се коментираше и потрошената сума, но и исказот на судијката Мери Дика Георгиевска, која рече дека не станува збор за висока сума. Имаше и еден коментар – Дали овие средства се дадени за подмитување?!

Сведочењето на истиот сведок, односно на судијката Мери Дика Георгиевска стана контрадикторно и по објавата на Делегацијата на ЕУ во Скопје дека таа никогаш не потпишала договор за средства или им обезбедила средства од ЕУ фондовите на Бојан Јовановски или на неговата невладина организација Меѓународен сојуз.

Кога се врати од Белград, Бојан (Боки 13)се занимаваше со проекти за заштита на ранливи категории граѓани кои беа финансирани од ЕУ, сведочеше меѓу другото Дика Георгиевска.