Колку колонии денес постојат во светот?

Колонија е територија која се наоѓа под надзор на некоја друга држава. Тоа може да биде место каде што се доселиле странци и го асимилирале локалното население, или подрачје каде една држава бара сопственост или права над луѓето кои што живеат на тие места. Во најголем дел тие исчезнаа на почетокот на векот и по Втората светска војна, но знаете ли денес колку колонии има во светот?

Жителите на денешните колонии подлежат на законите на државите со кои владеат, но немаат право да учествуваат во измените на тие закони ниту пак во креирање на власта. Тој факт наведе голем број колонии да побараат независност од нивните матични земји, така што самостојно може да донесуваат закони подготвени во нивните земји, за да можат самостојно да се раководат според својата култура и убедувања.

Соединетите Американски Држави имаат две територии кои би можеле да се сметаат за колонии. Тоа се Порто Рико и Гуам. Во минатото лобираа за добивање статус на самостојни држави, дури во Порто Рико се одржал и референдум за одделување, но не бил успешен бидејќи добил многу мала поддршка. Граѓаните на Порто Рико мора да ги почитуваат законите на САД, но не може да учествуваат во нивното креирање. Исто така, немаат свој претседател ниту во еден облик на власт во САД, а локалната влада само ги спроведува нивните закони.

Велика Британија меѓу останотото го држи и Гибралтар. За разлика од другите подрачја кои што се сметаат како британски колонии, тој се смета како европска територија и е дел од Европската унија. Гибралтар не го користи називот колонија, туку прекуморска територија. Иако имаат своја влада, должни се да ги почитуваат законите на Велика Британија.

Постојат и други територии и острови кои и денес се сметаат како колонии. Жителите на тие подрачја секојдневно се борат за да бидат признаени како самостојна држава, за да можат сами да креираат свои закони и да имаат поголема власт. Иако некои од нив сметаат дека е подобро да примаат чисти и лесни пари од нивните колонизатори.

Американска Самоа

Колонизатор: САД во 1900-та година
Површина: 199 километри квадратни
Популација: 57.496 жители

Ангуила

Колонизатор: Велика Британија во 1650-та година
Површина: 102 километри квадратни
Популација: 14.108 жители

Бермуда

Колонизатор: Велика Британија во 1609-тата година
Површина: 53 километри квадратни
Популација: 66.536 жители

Британски девствени острови

Колонизатор: Велика Британија во 1609-та година
Површина: 153 километри квадратни
Популација: 24.004 жители

Кајмански острови

Колонизатор: Велика Британија во 1800-та година
Површина: 262 километри квадратни
Популација: 47.862 жители

Фолкландски острови

Колонизатор: Велика Британија во 1883-та година
Површина: 17.173 метри квадратни
Популација: 3.140 жители

Гибралтар

Колонизатор: Велика Британија во 1830-та година
Површина: 6,5 километри квадратни
Популација: 28.002 жители

Гуам

Колонизатор: САД во 1898-ма година
Површина: 541 километар квадратен
Популација: 175.877 жители

Монсерат

Колонизатор: Велика Британија во 1783-та година
Површина: 102 километри квадратни
Популација: 9.638 жители

Нова Каледонија

Колонизатор: Франција во 1853-та година
Површина: 19.060 километри квадратни
Популација: 244.824 жители

Островот Питцаирн

Колонизатор: Велика Британија во 1838-та година
Површина: 47 километри квадратни
Популација: 48 жители

Света Елена

Колонизатор: Велика Британија во 1922-та година
Површина: 413 километри квадратни
Популација: 7.601 жители

Токелау

Колонизатор: Нов Зеланд во 1925-та година
Површина: 10 километри квадратни
Популација: 1.433 жители

Островите Туркс и Каикос

Колонизатор: Велика Британија во 1848-ма година
Површина: 430 километри квадратни
Популација: 22.352 жители

Американски девствени острови

Колонизатор: САД во 1917-та година
Површина: 346 километри квадратни
Популација: 108.210 жители

Западна Сахара

Колонизатор: Шпанија и Мајорка во 1975-та година
Површина: 266.000 километри квадратни
Популација: 393.831 жители