Колку легитимитет ќе имаат избори веднаш по вонредна состојба?

Власта и понатаму инсистира дека новиот датум за одложените предвремени избори треба да биде многу брзо откако ќе се укине вонредната состојба. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека првата можност за избори би била средината на јуни и дека не треба да се чека до есен бидејќи би можел да следува втор бран од пандемијата на Ковид-19.

Но, колку би биле легитимни изборите спроведени во такви услови со минимум рокот за спроведување на сите неопходни предизборни активности од страна на Државната изброна комисија, но и другите инситутции вклучени во изборниот процес.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковско смета дека доколку сакаме да одржиме избори чии што резултати биле неоспорени од никого и несомнен легитимититет би биле потребни околу 50-тина дена.

Дерковски истакнува дека најголем дел од времето ќе биде потребно за ажурирање на Избирачкиот список – да се додадат оние кои станале полнолетни во меѓувреме, да се избришат оние кои починале.

Ако тоа не случи и не им се дава еднаквото право на сите страни во процесот, тогаш може да го оспори било кој, смета претседателот на Изборната комисија.

Дополнително, Дерковски лично смета дека и целиот изборен процес треба да почне од почеток и да се даде нов рок за поднесување на кандидатиски листи за пратеници. Смета дека на тој начин ќе им се даде шанса на партии кои во изминатите месеци обезбедиле доволно поддршка за да поднесат кандидатски листи.

И покрај ваквите ставови на претседателот на Изборната комисија, СДСМ инсистира на брзи избори. Заев вели дека мора да се искористи првата можност и посочува дека изборите би требало да се одржат кон средината на јуни. Неофицијало, СДСМ на претстојтната лидерска средба кај претседателот на државата во вторник ќе го предложат 14 јуни како датум за нови избори.

ВМРО ДПМНЕ сепак сметаат дека треба да се почека и дека здравствените власти се оние кои треба да дадат зелено светло за одржување на избори кога епидемијата ќе стивне и ќе нема опасност од драстично зголемување на бројот на заболени.

„Здравствените власти треба да кажат дека епидемијата односно пандемијата е стивната целосно и дека може да се реазлизираат избори во Република Македонија. Ние како опозиција особено јас навистина сакам да има избори, но здравјето на граѓаните ние пред се’“, вели потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Блиску до овој став се и во ДУИ. Од партијата на Али Ахмети велат дека тие се подготвени за избори сега, но дека засега приоритет мора да остане справување со пандемијата.

„За ДУИ моментално приоритет е да се справиме со пандемијата од Ковид-19. За изборите што се однесува до ДУИ и други претставници на ДУИ веќе се изјасниле. За нас моментално приоритет е да се справиме со пандемијата КОВИД-19. Што се однесува до датумот на изборите како и секогаш ДУИ е спремна и оваа недела да има избори, но секако дека тоа ќе биде официјална одлука, која ќе се донесе може и за краток период имајќи предвид дека е веќе најавена и лидерска средба“, вели министерот за економија, Кресник Бектеши.

Изборите првично закажани за 12-ти април беа одложени на неодредено со консензус на сите политички партии по избивањето на епидемијата од коронавирусот и воведувањето на вонредна состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.