Kолку пациенти се одбиени да бидат прегледани во штипската болница зашто биле позитивни на коронавирусот?

Го повикувам докторот, кој има силна желба да стане градоначалник да излезе и да каже дали, и колку пациенти се одбиени да бидат прегледани во Клиничка болница Штип само затоа што биле позитивни на корона вирусот.
Одбиени пациенти да бидат прегледани, немање на доволно тестови и термини за ковид. Користење на здравјето на граѓаните за добивање политичка функција, стои во Фејсбук статусто на Иван Јорданов oд ВМРО-ДПМНЕ.

– Немање на боци за кислород, немање на болнички кревети, немање на амбулантни возила. Ова е хуманоста на СДС и докторот со желба за градоначалник. Вака докорот со силна желба да биде градоналчалник се „грижи“ за граѓаните. Хипократовата заклетва ја погазувате во секој можен миг. Нема да дозволиме да се коцкате со здравјето на граѓаните. Вашата лажна „хуманост“ е прочитана, зад неа се крие алчност и ништо повеќе.
Едно запаметете одговорност ќе има за сите вас, ќе одговарате за сето ова што му го правите на народот само за ваш личен интерес.
#СтопЗаЛажнаХуманост. #СекојЖивотЕВреден, пишува тој.