Колку пари потрошила Одбрана за агитација за СДСМ?

Срамно и неодговорно е министерството за одбрана да ангажира и плаќа професори да агитираат за партиски потреби и прашање е уште колку такви лица се ангажирани и олку пари се потрошени за таа намена во услови на криза, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во „Филибастер“ на Радио Лидер во врска со протечениот документ во кој се гледа како министерство за одбрана плаќало професор да агитира за партиски цели за СДСМ.

Ковачки истакна дена тоа не доликува на еден професор, а не доликува ни за човек кој носел униформа и ги бранел боите на државата.

– Срамно е ова што се случува, тоа е запрепастувачки, јас не можев да поверувам дека може такво нешто да се случува во 21 век во земја која тежнее кон европски интеграции и се залага за европски вредности. Тие вредности ги исклучуваат таквите работи како што е партиско ангажирање од страна на министерството за одбрана на професори кои за одредена сума на пари се задолжени да пишуваат на Фејсбук за потребите на политичка партија, рече Ковачки.

Тој истакна дека срамно е да земате пари, да склучите договор со министерството за одбрана, да прифатите да пишувате агитациони текстови, да се прават обиди за влијание врз вработени во министерството за одбрана, врз армијата само за одредена сума на пари.

– Тука не се работи за транспарентност, се поставуваат прашања на колку такви договори имало како овој професор, според мои информации се работи за над 50 такви лица кои се под договор во министерството за одбрана и кои за одредени потреби се ангажирани од министерот поранешниот Шекеринска и сега Петровска. Земаат пари од министерството за одбрана за да пишуваат текстови со поддршка за коалицијата на СДСМ и ДУИ, рече Ковачки.

Ковачки прашува дали само во тоа министерството има такви луѓе или има и други институции, колку пари се одлеани од буџетот и зошто се уште нема одговорност за истото.

– Дали заслужува министерот за одбрана да остане на таква институција? Ова се активности кои се косат со здравата логика и избегнувањето на одговорите по овој скандал го отвора прашањето дали министерот требаше да си поднесе оставка или да ги повика одговорните? Крајно неодговорно е да се трошат парите за оваа намена, изјави Ковачки

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.