Колку време ќе се гради автопатот Скопје-Блаце

131

Сто и десет милиони евра е сумата која се предвидува за проектот за изградба на автопатот Скопје-Блаце.

Овој автопат ќе биде долг 12,5 км и ќе се вози по три ленти во двата правци.

Поголем дел од парите со кои ќе се гради овој автопат преку кој од Скопје до Приштина ќе се вози за 45 минути а не како досега за два ипол часа , се кредит од Европскат банка за обнова и развој, додека дел се грант од ЕУ,  а дел има  од буџетот на Државни патишта.

Според најавите на надлежните следниот месец ќе се објави тендерот за првата делница, по што ќе отпочнат градежните активности а според роковите кои ги имаат зацртано од Министерството за транспорт и врски се автопатот да е завршен до 2023 година.

Стартот на проектот е значаен од повеќе аспекти, но клучен е бизнис-факторот, со оглед дека Косово е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија:

Годишната трговска размена со Косово е околу половина милијарда евра, при што Македонија има значителен суфицит. Затоа е многу важно да имаме автопат за да може нашите трговци да испорачуваат стока во Косово, изјави Османи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.