Колони автобуси за вечерашниот митинг на СДСМ (ФОТО)

Вечерва коалицијата „ За Живот во Македонија“ одржува централен митинг во Скопје. На фотографиите до кои дојдовме можат да се видат голем број автобуси кои организирано се движат низ скопската општина Кисела Вода за да пристигат на централниот митинг на кој ќе се обратат опозицискиот лидер Зоран Заев и кандидатот за градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов.

Граѓаните на митингот на СДСМ во Скопје како што може да се види на фотографиите се носат со организиран превоз,  автобуси и комбиња од сите краишта на земјава.