Kолони со возила го напуштаат Лондон пред карантинот, пред пабовите масовни пијанки

Во надеж дека ќе го спречат брзото ширење на Ковид-19, британските власти од денеска воведуваат нов карантин. Продавниците што не се неопходни ќе мора да се затворат, а угостителските објекти ќе можат да вршат само испорака. Училиштата остануваат отворени.

Иако премиерот Борис Џонсон вети дека карантинот ќе заврши на 2 декември, плашејќи се дека ова второ затворање во Англија може да трае и до Божик, за нејзините 56 милиони жители доведе само до лудило и панично напуштање на поголемите градови пред полноќ.

Десетици илјади возачи се најдоа на улиците кои водат надвор од Лондон создавајќи непрегледни колони од неверојатни 2.000 километри, хаос и гужви кои доведоа и до неколку собраќајни незгоди. Луѓето масовно бегаат од своите домови во руралните подрачја, а слични гужви начекаа жителите и на поголемите градови како Бирмингем, Ливерпул, Лидз…

Освен оние што се решиле да заминат, во колоната се вбројуваат и оние кои тргнале да го завршат својот последен шопинг, но и оние кои ја искористија последната шанса да се видат со друштвото во пабовите.

image

Пабовите, пак, ги намалиле цените на точеното пиво, за да не им се расипе додека се затворени, што низ земјата создаде и многу пијани орди од луѓе.

image

Големите гужви и забавите пред пабовите, кои затворија во 22 часот, доведоа и до неколку апсења, пренесува Daily Mail.

image

image

-Не само што ги напаѓаа полицајците што се обидуваа да ги растераат насобраните, туку и ги кршеа мерките. Стотици напиени, се мешаа меѓусебе, без маски или било каква дистанца, рекол главниот инспектор во округот Мерсисајд во Ливерпул, Гери О’Рурк.

image

Полицијата во Сасекс, пак, уапси две лица откако момче настрада во тепачка во која учествувале дваесетина лица.

image

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.