Колони возила на Табановце-се враќаат македонските граѓани од вакцинирање во Србија

Македонците кои денеска беа во соседна Србија за да се вакцинираат наидоа на гужва на преминот Табановце.

Според видео снимката која ја објави телевизија Канал 5 се гледа како голема е раздвиженоста на граничниот премин Табановце каде во моментов се враќаат македонските граѓани кои денеска ја примија вакцината во соседна Србија.