Колумбија го екстрадира Дијар Антонио Усага, најголемиот американски наркобос

Колумбија им го екстрадираше Дијар Антонио Усага на САД, познат како Отониел, кого Вашингтон го бараше за трговија со дрога, изјави колумбискиот претседател Иван Дјук.
„Оваа екстрадиција покажува дека никој не е над колумбиската држава“, рече Дјук во видео обраќањето во кое го спореди Отониел со покојниот наркобос Пабло Ескобар, пренесува Ројтерс.
Според колумбиските власти, Отониел шверцувал од 180 до 200 тони кокаин годишно со својот заливски клан.
Властите велат дека Отониел е одговорен за смртта на стотици колумбиски безбедносни сили.
Тој беше уапсен во октомври минатата година по седум години криење, а колумбискиот Врховен суд минатиот месец ја одобри неговата екстрадиција во САД.
Во акцијата за апсење учествувале 500 војници и 22 хеликоптери.
Според Би-Би-Си, освен што е најбараниот дилер на дрога и водач на заливскиот клан, тој е и најопасниот трговец со луѓе во светот.