Мухамед Красниќи познат како Командант Малишева, кој е еден од терористите осудени на доживотен затвор за убиството на полицајците во „Диво Насеље“ од затворот „Идризово“ се закани дека ќе падне крв ако им биде земено знамето на Албанија. Красниќи ова го објави на својот профил на Фејсбук, на кој неодамна побара Албанците да ја искористат измената на Уставот и да побараат поголеми права во Македонија, а кои им следат бидејчи биле уставотворен народ.
Командант Малишева на Фејбук напиша дека ноќеска малку фалело да падне крв до гуша во „Идризово“.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Синоќа, околу 22:20 часот посебни специјални сили на непознати единици без амблем, влегоа во павилјонот во кој сме сместени ние провоцирајќи конфликт на етничка основа, ние сме свесни и воздржани но тие со сите сили се обидоа да ни го отстранат националното знаме, наводно имале наредба, знамето не беше отстранет затоа што резистиравме до тој степен што требаше да се пролее крв до гуша. Треба да знааат сите дека тука безбедност нема, треба да знаат сите дека тука сеуште нема слобода на изразување и не се дозволува знамето да се користи или да се става во нашите соби. Сакаме да знаете дека ако уште еднаш провоцираат врз етничка или верска основа ние нема да ја преземаме одговорноста за последиците. Речиси четири години сме во затвор и не сме направиле проблеми и не сакаме едно такво нешто, но од денес ние нема да ја трпиме психолошката тортура. На овие им смета љубовта кон татковината но тие не можат да ни ја одземат, ние сме и ќе бидеме УЧК со срца. Ве замолувам да го споделите и електронските медиуми да ја објават оваа изјава од нас. Командант Малишева.