Командантот Шаља, од единицата на Рамуш Харадинај e префрлен во Хаг – потврдено е обвинението за воени злосторства

Поранешен припадник на ОВК, Пјетер Шаља, кој претходно беше уапсен во Холандија, доцна синоќа е пренесен во затворот на Специјалниот суд во Хаг.

Шаља е префрлен во Хаг, откако обвинението за воени злосторства против него е потврдено.

Пјетер Шаља, познат како командант Волк, како осомничен беше испрашуван пред еден месец во Брисел.

Шаља, беше во единицата на ОВК под команда од Рамуш Харадинај за време на војната во Косово и Метохија, а Хашкиот трибунал го сомничи за злосторства извршени против Србите и Албанците.