Командир неосновано делел надоместоци за прекувремена работа

Командир на Полициска станица, на своите вработени неосновано им потпишувал наредби за исплати на прекувремена работа.

Тој во 2016 и 2017 година, одобрил вкупно 32 вакви наредби, со што го оштетил буџетот на МВР за над 416 илјади денари.

Командирот З.С. се товари за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а Одделот за внатрешна контрола до ОЈО Куманово веќе ја поднел кривичната пријава.