Компанијата „Facebook“ го промени логото за да ја разликуваат од социјалната мрежа

Американската технолошка компанија „Facebook“ го редизајнираше логото, за корисниците полесно да ја разликуваат од нејзината истоимена социјална мрежа, е наведува во објавата од понеделникот на официјалната информативна страница.

„Денеска го променивме нашето корпоративно лого, за да се направат позабележителни разликите во производите на Facebook. Го презентираме новото лого на компанијата и допплниетлно ја одделуваме компанијата Facebook од апликацијата Facebook која ќе го задржи својот дизјан“, се наведува во соопштението.

Според информацијата, во новото лого името на компанијата е целосно испишано со големи букви, а фонтот е специјално создаден за Facebook. Корпоративното лого на социјалната мрежа, пак, ќе биде испишано исклучиво со мали букви.

Се наведува дека ажурираното лого на компанијата ќе се користи првенство во описот на нејзините услуги и други продукти. Така, логотипот на компанијата ќе се појави во натписот „from Facebook“, што може да се види на почетници страници на апликациите на Instagram, WhatsApp и други.

Компанијата „Facebook“ е основана на 4-ти февруари 2004 година од Марк Цукерберг (Закерберг) и негови тројца колеги студенти во текот на студиите на универзитетот Харвард. Истоимената социјална мрежа е водечкаа во светот, и според последните процени нејзиниот вкупен аудиториум на месечно ниво надминува 2,4 милијарди корисници. Како што наведуваат од компанијата, повеќе до 2,7 милијарди луѓе барем еднаш месечно користат некои од нејзините сервиси. Оваа листа ги вклучува социјалните мрежи Facebook и Instagram, како и апликациите WhatsApp и Messenger.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.