Комбинацијата на различни видови вакцини го зголемува имунитетот

Комбинацијата од различните видиви на вакцините против коронавирусот значително ја зголемува ефикасноста во врска со создавањето на имунитетот, соопшти во понеделникот Универзитетот на Сар.

„По студијата спроведена на 250 лица кои како прва вакцина ја примиле вакцината на AstraZeneca, а како втора на Pfizer/BioNTech, забележано е чувствително поголема ефикасност во создавањето на имунитетот отколку кај лицата кои ги примиле двете дози на AstraZeneca“, се истакнува во соопштението на Универзитетот на Сар во Сарбрикен.

Ваквата комбинација, како што се наведува во продолжение, постигнува поголема делотворност и од двојата комбинација на вакцината на „Pfizer/BioNTech“.

Се истакнува дека при вакцинирањето со различните вакцини доаѓа до создавање на многу поголем број антитела и таканаречните Т-клетки одговорни за имунитетот.

Авторите на студијата, коишто според сопствено тврдење биле „изненадени од несомнените резултати“, препорачуваат вакцинирање со различните видови вакцини.

Вакцината на „AstraZeneca“ припаѓа на традиционалната група ткн векторски вакцини, додека препаратот на „Pfizer/BioNTech е во поновата генерација на ткн „информациска“ РНК (mRNA) првпат користена за правење вакцина.

Како што нагласуваат германските научници, оваа студија би требало да биде продлабочена за да се дојде до нови сознанија во врска со ефикасноста и според полот и според старосната возраст.

Откако германската Сојузна комисија за вакцинација на почетокот од април препорача помладите од 60 години повеќе да не се вакцинираа со вакцината на „AstraZeneca“, се појави проблемот со лицата кои како прва вакцина веќе ја примиле оваа. Ним, на крајот, им беше препорачано да се вакцинираат или со вакцината на „Pfizer/BioNTech“ или со на „Moderna“, исто така, создадена на платформата mRNA.