Коментаторот на Спорт клуб: Македонија, само Македонија, не северна, една, единствена и преубава! (ВИДЕО)

Сите мечеви на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за Светското првенство во Катар беа пренесувани на регионалната Спорт Клуб телевизија.

Македонските фудбалери со своите блескави игри дефинитивно ги освоија и срцата на поголем дел од новинарите и коментаторите во регионот, а посебно интересен беше синоќешниот коментар на новинарот на СК ТВ.

„Македонија, само Македонија. Една и единствена, голема и убава“, рече новинарот кога сакаше да даде коментар за македонската репрезентација. Ова е уште еден доказ дека спортот секогаш бил посилен од сите политики и дека успехот во спортот е најмоќното оружје за промоција на секоја земја.