Комета ќе прелета првпат по 50.000 години

Неодамна откриената комета C/2022 E3 следните седмици ќе му се приближи на Сонцето, првпат по 50.000 години и можеби ќе биде видлива со голо око од Земјата кон крајот на јануари.

Малата комета составена од карпи и мраз, со дијаметар околу еден километар, беше откриена во март минатата 2022 година со програмата Zwicky Transient Facility (ZTF) којашто ја користи телескопот „Samuel-Oschin“ во Опсерваторијата Паломар во американската сојузна држава Калифорнија.

Откриена била додека минувала низ орбитата на Јупитер, а сега се движи кон Сонцето и ќе го постигне својот перихел, својата точка најблиска до Сонцето на 12-ти јануари, според пресметките на астрономите.

Кога кометата ќе се приближи до Сонцето, мразот во нејзиното јадро се топи и минува во долг вел од прашина којашто ја рефлектира сончевата светлина. Тој сјаен вел би требало да биде видлив од Земјата.

Кометата најсилно ќе засјае „кога ќе биде најблиску до Земјата“, вели Томас Принс, професор по физика на Технолошкиот институт на Калифорнија кој работи за програмата ZTF.

Појавата, сепак, ќе биде помалку спектакуларен отколку при минувањето на Хејл-Боповата комета во 1997 година, или C/2020 F3 (NEOWISE) во 2020 година кои се многу поголеми.

Набљудувањето ќе биде можно со добар двоглед, а можеби и со голо око ви одреден дел од ноќта, додека нема премногу месечина или контаминација со светлината.

Се очекува дека најдобрата можност ќе биде викендот 21-ви и 22-ри јануари и седмицата којашто ќе следи. Во тој период кометата ќе мине меѓу Малата и Големата мечка пред да се нурне во јужната хемисфера и тргне кон во граничните области на Сончевиот систем што веројатно нејзината колепка.

Смрзнатиот посетител последен пат бил толку блиску до Сонцето пред околу 50.000 години, според пресметките на астрономите. Неговото скорешно доаѓање ќе биде можност за научниците подобро да го разберат составот на кометата, особено благодарејќи на вселенскиот телескоп „James Webb“.