Комичарот Кевин Харт нема да го води 91-то доделување на Оскарите

Американскиот комичар и актер Кевин Харт изјави во петокот дека нема да го води 91.то доделување на најпрестижните филмски награди, по протестот поради неговите стари твитови против хомосексуалноста.

„Одлучив да не ги водам годинешните Оскари. Искрено се извинувам ЛГБТК заедници поради моите бесчувствителни зборови во минатото“, напиша 39-годишниот актер.

Час претходно објави видео на Instagram во коешто одби да се извини откако Академијата за филмски уметности и науки тоа од него го побара.

„Одлучив да го ’прескокнам’ извинувањето. Причината е што на тоа одговорив веќе неколкупати… Ќе бидам свој, ќе се придржувам до своите ставови“, рече ѕвездата на филмските комедии „Тајна служба“ и „Гет хард“, додавајќи дека напредувал од времето кога меѓу 2009 и 2011 година поставувал хомофобни твитови кои во меѓувреме ги избришал.

Доделувањето на годинешните Оскари ќе се одржи на 24-ти февруари, во холивудскиот „Долби театар“, а засега нема најава кој ќе го замени Харт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.