Комичарот Зеленскиј фаворит на претседателските избори во Украина

Украинците во неделата излегуваат на избори на коишто 41-годишниот комичар Володомир Зеленскиј без никакво политичко искуство, кој толкува улога на претседател во популарно телевизиско шоу, може да победи уверливо во првиот круг.

Според сите досега објавени анкети Зеленскиј беше во солидна предност пред актуелниот претседател Петро Порошенко и пред поранешната премиерка Јулија Тимиошенко. Тој стана привлечен за гласачите кои се презаситени од вкоренетата корупција во земјата која стана централна тема на спорот меѓу Западот и Русија по безредијата и насилствата во пролетта 2014 година со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович наклонет на подобри односи со Москва. Потоа, новите украински власти во настојувањата да се демонстрираат антирусизам, донесоа неколку уставни промени кои доведоа до отцепување на руското мнозинство на црноморскиот полуостров Крим и вооружен бунт во југоисточниот регион Донбас.

Украина во последните две децении изведе две „обоени револуции“ поткрепени од Западот, кои на власт ги донесоа Тимошенко во 2005-та и Порошенко во 2014 година. Но и двајцата се соочуваа со големи корупциски скандали и економски пад, што и доведе Тимошенко своевремено да биде осудена и ослободена по интервенција на западните политичари. Владата на Порошенко, пак, не успева да спроведе реформи, не го промени системот на власта од советски стил, не ја намали систематската корупција и не го реши проблемот со одметнатите сепаратисти. Сево ова го намали неговото влијание во јавноста.

Заморените и разочарани Украинци, на кои им беше ветено брзо прозападно престројување сега само со 9 отсто ја поддржуваат актуелната влада, што е светски историски негативен рекорд.

Инаку има дури 39 претенденти за претседателската должност. Како кандидат на новата партија Слуга на народот, финансирана од олигарски кои ги финансираат и радикалните националистички сили, е предложен шоументо Владимир Зеленскиј, кој и води во анкетите. Петро Порошенко е втор според рејтингот, а го следи Јулија Тимошенко од партијата Татковина, а далеку зад неа е најверојатно прорускиот кандидат од Опоициската платфорам – За живот, Јуриј Бојко.

Регуларноста на изборите ја следат над две илјади набљудувачи од 18 меѓународни организации и 18 земји. Откако кампањата мина во обвинувања за нарушувања на процесот, до изборната комисија во неделата веќе се пријавени повеќе десетици нарушувања на гласањето.