21 C
Skopje
петок, мај 14, 2021

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Повторно дефект во РЕК Битола

41

Еден од багерите за ископ на јаглен во рудникот „Суводол“ е надвор од функција поради нестручност на раководниот кадар, ова денеска преку статус на Фејсбук го објавува Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, се работи за истиот багер, кој пред две недели е ремонтиран, а за само две недели работа повторно е оштетен. Поради овој дефект повторно ќе биде намален ископот на јаглен.

Штетата е направена затоа што багерот се носи да копа во распукани блокови јаглен, кои се слизнуват, а со тоа се загрозува безбедноста на работниците, а и на багерот.

Како резултат на оваа нестручност се нанесуваат големи трошоци на комбинатот, се доведува во прашање количината на ископан јаглен, а со тоа и производството на електрична енергија.

Се прогнозира дека багерот ќе биде надвор од функција неколку недели со што повторно се доведува во прашање стабилноста на електронергетскиот систем и домашното производство на електрична енергија, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.