Ново задолжување со евро-обврзница. Банкротирана држава. Пред околу четири години, шарената револуција предводена од СДСМ организираше протести против задолжувањето на Република Македонија со Евро-обврзница, се вели во партиското соопштение на комисијата за финансии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Да издвоиме неколку наслови од дневниот печат: „Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте“ „Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално“, Кире Наумов: Денеска спасивме Македонија да не се задолжи за дополнителни 230 милиони евра Кире Наумов: Еврообврзницата ја стави Македонија во должничко ропство Јавниот долг и официјално ќе го надмине износот од 5 милијарди евра или 54 отсто од БДП. Навистина иронично. Ги изманипулираа граѓаните за висината на јавниот долг, ги организираа да протестираат и да го фарбаат Министерството за финансии. Но што прават денес? Се задолжуваат во огромни размери, без компас и воопшто не знаат зошто. Паролата во 2016 година на СДСМ беше: Секој граѓанин должи по 2200 евра, а денес секој граѓанин должи по повеќе од 3 000 евра. Но каква е ситуацијата денес? Јавниот долг во 2020 година веќе го надмина прагот од 60% односно мастришкиот критериум, а со ваквото темпо на задолжување, до 2021 година јавниот долг ќе достигне повеќе од 65% од Бруто-домашниот производ. Што ова значи за граѓаните? Република Македонија денес е банкротирана држава. Само за камати во 2021 година Република Македонија ќе исплати повеќе од 120 милиони евра или секој граѓанин ќе плати 600 евра само за камата. Но дали граѓаните знаат зошто ќе ги дадат овие пари? Секако дека НЕ. Потрошувачката во Република Македонија значително е опадната. Приходите во буџетот по основ на ДДВ во 2020 година опаднаа за 10%, а ваквиот тренд продолжува и во 2021 година (пад на приходите по основ на ДДВ од 2%). Новите 60 000 невработени стануваат голем товар за буџетот на Република Македонија, па се поставува и прашањето како и кој ќе ги враќа овие нови долгови. Одговорот е јасен – идните генерации. Ќе се согласиме, дека задолжување е неопходно, но за конкретни проекти. Потребно е за изградба на Автопатити, железници – хидро и солрани централи, за Изгрдба на скијачки центри …. Но зошто се задолжува Владата на Заев? За некој автопат ? За железница ? Не – туку само за едноставен поткуп на гласачите пред избори. Нема проекти, нема идеи односно комплетна безидејност и апатија. Министерството за финансии се испофали за висината на каматата. Но дали во Министерството за финансии знаат дека Република Словенија издаде Евро-обврзница со негативна камата? Дали во Министерството за финансии знаат дека земјите од Источна Европа многу поретко се одлучуваат за Евро-обврзница и се ослонуваат на сопствените финансиски пазари ?? Извор – Bloomberg. Кога подетално ќе анализираме, одлуката на Народната банка за забрана на исплата на дивиденди најверојатно е мотивирана токму од состојбата во Република Македонија со јавниот долг. Имено, Државата во следниот период ќе мора да се задолжи на домашниот пазар, а сето тоа ќе може да го направи само ако банкарскиот сектор е ликвиден. Токму затоа и вакво ограничување во услови на високи профити кај банкарскиот сектор“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
За крај се поставува прашањето дали можеби требаше ВМРО ДПМНЕ да пишува писма до меѓународната заедница, до големите комерцијални банки и финансиски друштва и да објаснува за големата задолженост на нашата земја и да бара да не се издаде Евро-обврзница? Секако дека НЕ. Тоа може да го направи само некој што не ја сака Македонија, додаваат од таму.