Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Самоволието на СДС(М)-ДУИ и непочитувањето на европските пракси како и низата потпишани меѓународни конвенции за колективно договарање и социјален дијалог продолжува!

Самоволието на СДС(М)-ДУИ и непочитувањето на европските пракси како и низата потпишани меѓународни конвенции за колективно договарање и социјален дијалог продолжува!

Најпрвин беше предлог Законот за јавниот интерес во културата во кој се предвидува унифицирано уредување на работните места на културните работници и уметниците, што е спротивно со сите европски тенденции. Пракса е работните места да се уредуваат со подзаконски акти и Колективни договори, а со ваквиот директен упад на СДС(М)-ДУИ не само што се потценуваат правата на уметниците и културните работници, истовремено се маргинализира и улогата на Синдикатите во креирањето на законски решенија. Ова значи крајно непочитување и напуштање на социјалниот дијалог!!!

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ ја прашува министерката д-р Бисера Костадиновска Стојчевска до кога ќе подготвува и поддржува законски решенија кои имаат скриен мотив, односно исполнување на насоките на Владата, да се поништи актуелниот Колективен договор за вработените во културата и да се намалат платите на уметниците и културните работници?, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.