Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ: Ало министре се слушаме ли?

359

Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ преку статус ба Фејсбук му се обрати на министерот за образование и наука.

-АЛО МИНИСТРЕ, СЕ СЛУШАМЕ ЛИ???
Не знам од каде да почнам, за да се разбереме?
Да почнам од А и да Ви образложам со педагошки пристап како на првоодделенец или како на студентски професор, кој се надевам „едуцира“ студенти?
АЛО МИНИСТРЕ, СЕ СЛУШАМЕ ЛИ???
Македонија се најде во здравствено-економска криза, како и скоро сите држави во светот, но НЕ како и сите држави во светот „успешно“ се справува со пандемијата! Но за справување со економската и здравствената состојба во Македонија во некоја друга прилика ќе се навратиме!
Сега, по којзнае кој пат, ќе Ви објасниме за образованието, кој како ресор го раководите ВИЕ со Вашата „екипа“ од заменик-министер и државен секретар!
За волја на вистината, барем само Вие знаете дека го раководите ресорот ОБРАЗОВАНИЕ! Вашата „екипа“ сѐ уште се јавува на „црвениот телефон“ во Струмица, „технички“ сместен во Куманово, за да прашаат дали се заменик-министер или државен секретар во Министерство за образование и наука или во Министерство за животна средина!
Вие и Вашата „екипа“ имате лична одговорност за образовната криза во Македонија, небаре не е доволна само здравствената и економската криза! Вие навреме не ги заштитивте децата, наставниците и родителите од абнормалната состојба со воспитно-образовниот процес!
Воведовте вонредна состојба во Македонија и чекате некој од „небо“ да ги реши сите проблеми во образование!
Ги втурнавте во онлајн настава наставниците, а не ги ни прашавте дали умеат и можат!
Ги „врзавте“ учениците пред електронските уреди (оние кои ги имаат се разбира) и не прашавте како им е!
Ги „принудивте“ родителите (и покрај психолошкиот стрес од пандемијата), да станат „диктатори“ дека децата мора да следат онлајн настава!
Не проверивте дали сите деца можат да следат онлајн настава, но ги „уценивте“ наставниците дека мора да водат е-дневник!
Ги уценивте за е-дневник, а и самиот не сте пробале да влезете во е-дневник, ниту сте се запрашеле зошто не функционира!
Па и „уцената“ за е-дневник Ви беше малку, па преминавте кон манифестација на уште поголема сила и им ги скративте на наставниците и така скромните плати! Малку Ви беше што го укинавте класното раководство, па сакате и додатокот за стаж да им го скратите!
Министре,
Вратете им го достоинството на наставниците, ако воопшто знаете што е достоинство!
Под итно донесете скратена програма за наставата во основните и средните училишта, која нема да треба да трае до 10 јуни!
Ослободете ги децата од секојдневниот стрес дали ќе успеат да го следат часот или не!
Под итно донесете одлука оваа година да се укине матурата за матурантите!
Отворете го патот до факултетите за овие ученици кои навистина во грч Ве чекаат Вас и „просветлувањето“ на Вашата „свест и совест“ да донесете разумна одлука ДА НЕМА МАТУРА!
Под итно одложете ги уписите на првачињата, затоа што за нив „голем ден“ е првиот чекор во училишната зграда!
Под итно направете подготовки за отпочнување на новата учебна година и план како ќе се надоместат евентуалните пропусти од онлине наставата!
Под итно освестете ги „политикантите“ во Владата дека децата не треба да се вратат во училишните клупи, затоа што одговорноста ќе биде Ваша и само Ваша. Ризикот за секој детски живот ќе го адресираме ние родителите само до Вас! Нашите деца, нивното здравје и животи се наш приоритет, а треба да се и ВАШ!
Затоа за крај АЛО МИНИСТРЕ, СЕ СЛУШАМЕ ЛИ???
Не мора нас да нѐ слушнете!
СЛУШНЕТЕ ГО ГЛАСОТ НА ДЕЦАТА, затоа што за нив се работи!
СЛУШНЕТЕ ГО ГЛАСОТ НА РОДИТЕЛИТЕ, затоа што и нив ги измачувате!
СЛУШНЕТЕ ГО ГЛАСОТ НА НАСТАВНИЦИТЕ, затоа што тие најдобро знаат!
П.С. Не мора да ни одговорите со Ваш личен одговор, доволно е само да ги сфатите нашите зборови СЕРИОЗНО и да ги примените на дело!
Централна комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук.

 https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=249528936417717&id=111454403558505

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.