Комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е трета во светот со стапка на невработеност од енормни 44,7 проценти

По тригодишно молчење и освен скандали и афери не работење апсолутно ништо, гласноговорниците на власта во заминување денес, во очи на изборите, повеќе од свесни за катастрофалниот пад кој ги очекува на 12ти април, се обидуваат да го убедат народот дека им е добар животниот стандард и дека им ја намалиле невработеноста!, ова денеска преку пост на Фејсбук го потенцира Комисијата за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Зарем истите тие кои ги убедуваа граѓаните дека 17.000 денари за четиричлено семејство се солиден животен стандард, истите тие кои невработеноста ја мерат според параметрите на оние неколкумина што останаа во земјава и истите тие кои ги избркаа сите странски инвестиции….имаат лице да го убедуваат народот дека сè уште блескаме?!!!

Блесокот одамна го изгуби интензитетот и не само што не е блесок, туку е тотален мрак кого власта на Зоран Заев им го донесе на граѓаните на ваа земја! За какви добро осмислени мерки и програми говорат…само тие си знаат!
Реалниот сектор се соочува со секојдневни проблеми за да обезбеди работници, затоа што работоспособните граѓани заминаа! Младите токму поради лошите политики на СДС ја напуштаат државата, а доказ е тоа што само во 2019 година се иселени над 10.000 млади лица од Република Македонија.

Македонија е трета во светот со стапка на невработеност од енормни 44,7 проценти според извештајот од угледниот „Економист“ со што ја прави 3та во светот со најголем процент на невработени млади лица.

Со мерката самовработување во 2019 година биле формирани 1320 микро компании, дали во СДСМ се запознаени колку микро компании се затворени и избришани во Централен регистар, се случува преку самовработување фирми да отвараат исти лица по втор и повеќе пати, исто така за субвенционирање на плати се користат лица кој не ни знаат дека за нив работодавачите користат субвенционирање на плати и истите кога се откажат од работа имаат забрана за враќање во евиденција на невработени 12 месеци.

За каква младинска гаранција зборуваат кога им го уништија образованието, спортот, културата на младите и до последен ги избркаа од земјата?!

Со сè што изнесле како податок се лажат себе си и никој друг во оваа земја! Македонскиот народ го препознава овој предизборно-маркетиншки потез за купување гласови и затоа на 12ти април ќе добијат ЦРВЕН КАРТОН и за блесокот и за правиот пат и за „подобрениот животен стандард“, стои во нивниот статус на Фејсбук.