Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ: Дали Ивермектинот ќе ја има судбината на вакцините против коронавирусот

ДАЛИ ИВЕРМЕКТИНОТ ЌЕ ЈА ИМА СУДБИНАТА НА ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОРОНА
Ивермектинот, како лек даден во борба против КОВИД – 19, прв пат се споменува во студија дадена во пред-печат на престижното списание Лансет, во март 2020. На оваа студија, која докажува дека ивермектинот го намалил нивото на заболени здравствени работници во ковид центрите е направена мала измена (техничка природа) која е преиздадена во aприл 2020 во истото списание.

И додека се дават докази, по различно поставени студии дека е ефективен во било која фаза од болеста и дека и спасува животи до високи 80%, денес министерот за здравство Венко Филипче вели ќе го има за две недели. А нели требаше веќе да го има?

Во болниците неофицијално се дава овој лек доколку пациентите си го набават сами. На социјалните медиуми се даваат контакти од луѓе кои го набавуваат на црно.

Бараме одговори на следните прашања.
1.Дали има некој во министерството за здравство да прочита и да следи промени на протоколи во третманот на пациентите болни од КОВИД – 19 или сите се однесуваат како питачи по соседните земји за по некоја ситна вакцина.
2.Како тоа ќе се увезува лекот, регистриран е во Македонија и се наоѓа на официјалниот регистер на ветеринарни лекови
3.Дали некој од министерство за здравство знае дека лекот се прави во галенички аптеки во соседна Србија, па значи рецептура постои, само некој треба да ја употреби.
4.До кога можете да си ја дозволите оваа срамота и нема да ви трепне око.“

Фејсбук статус на Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.