Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Итно да се преземат мерки во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните

102

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ денеска вонредно заседаваше со оглед на новонастанатата состојба во врска со корона вирусот и бројката на новоинфицирани во последното деноноќие од 89 лица и седум починати во истото.

Комисијата заклучи дека ситуацијата во Македонија е алармантна и Македонија го доживува вториот пик.

Со оглед на големата бројка на новозаразени во едно деноноќие, Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Министерството за здравство нема никаква контрола врз ситуацијата со корона вирусот. Во контекст на ова Комисијата смета дека воопшто не се познати кластерите како што велат надлежните.

Комисијата заклучи дека мора итно да се преземат мерки во насока на поголема заштита на здравјето на граѓаните.

Интегрален текст од соопштението на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.