Медицински сестри од Клиниката за нефрологија и од други Клиники се соочуваат со притисоци и мобинг од страна на директорите кои наместо да преземат конкретни чекори за унапредување на нивниот статус, ги упатуваат да работат како угостители иако долги години овој кадар инвестирал во својата надградба, обвинуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ваквите притисоци кулминираат со закани од директори по легитимното барање на медицинските сестри за регулирање на додатоците за плата, нешто што е регулирано со закон. Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ обезбедува правна помошсо цел да се заштити интегритетот на оваа професија, преку наши правни тимови. Заинтересираните може да не контактираат на [email protected] со загарантирана анонимност“, велат од партијата.
„Внимателно ги следиме сите информации за системските нерегуларности кои пристигнуваат до Комисијата за здравство за притисоци и неправилности од повеќе Клиники и со внимание ги следиме сите аспекти поврзани со кршење на законското право на вработените
Заедно со медицинските сестри ќе го унапредиме нивниот статус и ќе го вратиме достоинството на оваа благородна професија“, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.